Почитувани родители,
Доколку вашето дете има одредени задоцнувања во развојот или живее со попреченост, ве информираме дека обезбедуваме бесплатни стручни услуги за деца и семејства од Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Нашите услуги опфаќаат:
- Проценка на потребите за рехабилитација кај децата/младите и проценка на потребите на семејството за поддршка;
- Индивидуални третмани и интервенции со децата/младите лица;
- Индивидуална и групна психосоцијална поддршка за родителите, од страна на психолог-психотерапевт.
Интервенциите се прилагодуваат според потребите и можностите на секое семејство. Родителите се активно вклучени во процесот и добиваат конкретни насоки, совети и поддршка од нашите стручни лица. Децата добиваат стимулација за развој на вештини, способности и социјални компетенции.
Услугите се целосно бесплатни!