Проект ТРАНСАКТ

Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности поддржан од Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Цел на проектот

Подобрување на пристапот до медицинска нега за оние кои се погодени од сиромаштија

Обезбедување здравствени, социјални и економски ресурси

за одржување на емоционалната и физичката благосостојба на луѓето во сиромаштија на начин кој ги промовира нивните аспирации и ги задоволува нивните потреби во нивните средини.

Обезбедување пристап до здравствени и социјални услуги

за луѓето во сиромаштија преку воведување иновативни програми и зајакнување на соработката помеѓу националните и локалните власти, граѓанските организации и бизнисите.

Young nurse explaining medicine dosage to old patient in care facility centre while holding weekly medicine dispenser. Professional caregiver holding pill organizer box giving medicine tablet to elderly woman. Nurse explaining medicine daily dosage for senior woman at care centre with copy space.
Asian nurse at nursing home taking care of senior man on wheelchair. Young woman therapist doctor measure heart rate by stethoscope on elderly older disabled patient. Medical insurance service concept
До сега обезбедивме
поддршка за
Социјално загрозени
поединци и семејства
0 +

Во рамките на проектот овозможуваме

Социјални
пакети за

индивидуалци/семејства
0

Солидарност за мобилност, здравје и надеж

Проектот е предводен од три организации од Република Австрија во партнерство со Центарот за развој и едукација Прилеп како лиценциран давател на социјана услуга на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Стручна помош

Професионален тим од 10 медицински сестри и физиотерапевти, како и 5 социјални работници и психолози кои обезбедувааат индивидуализирана нега прилагодена на специфичните потреби на корисниците.

Донации

Дигитален простор за донации за поддршка на поединци и семејства во сиромаштија, како и поддршка при интервентни здравствени ситуации.

нашиот професионален тим
обезбедува социјална

ПОМОШ И ПОДРШКА

На лица во социјален ризик со здравствени нарушувања
На лица на кои им е потребна постоперативна нега
На семејства со членови со попреченост или ретки болести
На стари лица и лица со попреченост

Специфични проектни цели

Подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи

Сервиси

Обезбедуваме различни здраствени услуги, како што се акутна нега, палијативна нега, постоперативна нега, нега за стари лица и лица со попреченост од страна на професионален тим.

Без разлика дали се потребни редовни прегледи, брза нега за чести болести, специјализирана постоперативна нега, помош со здравствени потреби на постари лица или сочувствителна палијативна нега, нашите домашни посети обезбедуваат индивидуализирана нега прилагодена на  уникатните здравствени потреби и преференции на нашите корисници.

Нашите здравствени услуги се бесплатни и опфаќаат неколку категории на домашни посети од медицинска сестра, физиотерапевт, психолог, и социјален работник.

Задоволството и благосостојбата на нашите корисници се наши главни приоритети

Нивните искуства го раскажуваат она што не можат бројките – емоциите, предизвиците и победите што ги создаваме заедно.

Како да станете наш корисник?

01

Обратете се

во нашата канцеларија на ул. Борка Талески бр.89 Прилеп

02

Приложете

Медицинска документација за да може да се направи увид на потребите на потенцијалниот корисник од достапните услуги кои ги нудиме

03

Ве посетуваме

Потенцијалните корисници ќе бидат посетени од нашиот социјален работник и ќе бидат информирани за поддршката која ќе им биде достапна од нас

04

Ве поврзуваме

Со професионален кадар согласно специфичните потреби на корисникот - медицинска сестра, психолог и/или физиотерапевт и почеток на давање на услугата кај корисникот