Bесплатно мерење на гликоза во крв и витаминско минерален статус во центарот на Прилеп

бесплатно мерење на гликоза во крв

Денес во центарот на градот Прилеп кај Градскиот саат вршевме бесплатно мерење на гликоза во крв и витаминско минерален статус а воедно дававме совети за здрава исхрана.

Ова е една заедничка иницијатива на нашето Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп со здружението Сина Револуција и СОУ “Орде Чопела” -Прилеп со цел заедно да делуваме за подигнување на свеста кај нашите граѓани за зачувување на нивното физичко и ментално здравје.

Над 300 граѓани не посетија денес за да проверат гликемија и витаминско минерален статус, и да добијат совети за зачувување на нивното здравје.

Заедно да покажеме дека превенцијата не е само збор – таа е акција. Секој измерен резултат и секој совет е дел од патот кон поздраво утре.

Сподели:

Последни Вести

Огласи

Mожност за обука и сертифицирање негуватели на стари и немоќни лица

Здружението Центар за развој и едукација започнува обука за негуватели на стари и немоќни лица. Огласот е објавен во рамки...

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

ОГЛАС ЗА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...