Здружението Центар за развој и едукација Прилеп, има чест и задоволство да Ве покани на конференцијата “Здравствени и социјални услуги во заедницата” која ќе се одржи на 28ми мај 2025 година во хотел Кристал Палас, Прилеп со почеток во 10 и 30 часот.
Оваа конференција има за цел да истражи практични, скалабилни решенија и да идентификува можности како може да се мобилизира социјалното и здравственото управување за да се изградат заедници каде секој има пристап до соодветна социјална и здравствена грижа. Целта е да ги собере професионалците, давателите на услуги и креаторите на политики за да споделат сознанија и достигнувања во домашната нега и здравствените услуги. На конференцијата свое излагање ќе имаат претставници од нашата држава, Австрија, Албанија, Хрватска и Србија односно претставници на општини – градоначалник на општина Прилеп, Градоначалници од општините Швахенштадт и Хернбаумгартен, Република Австрија, Градоначалник на општина Брезнички Хум, Хрватска, претставници на даватели на социјални и здравствени услуги од Република Албанија, претставници на јавни установи за социјална заштита, даватели на социјални услуги и др. кои преку споделување на нивната експертиза и влијание во областа, веруваме дека ќе дадат придонес за квалитетни и одржливи социјални и здравствени услуги кај нас.
Искрено се надеваме дека ќе не удостоите со Вашето присуство за заедно да дадеме придонес кон развој на социјални и здравствени услуги кои одговараат на реалните потреби на граѓаните.