Не се грижиме само за здравјето, се грижиме и за луѓето - дома, каде што тие се чувствуваат најдобро.
Цел на проектот
Подобрување на пристапот до медицинска нега за оние кои се погодени од сиромаштија
Обезбедување еколошки, социјални и економски ресурси
за одржување на емоционалната и физичката благосостојба на луѓето во сиромаштија на начин кој ги промовира нивните аспирации и ги задоволува нивните потреби во нивните средини.
Обезбедување пристап до здравствени и социјални услуги
за луѓето во сиромаштија преку воведување иновативни програми и зајакнување на соработката помеѓу националните и локалните власти, граѓанските организации и бизнисите.
До сега обезбедивме
поддршка за
поединци и семејства
Забрзување на пристапот до здравствени услуги
промовирање здрава и продуктивна заедница
- Обезбедување прифатливи здравствени услуги за луѓето во сиромаштија со фокус на руралните и тешко достапните области во заедницата
Обезбедување пристап до здравствени и социјални услуги
за луѓето во сиромаштија преку воведување иновативни програми и зајакнување на соработката помеѓу националните и локалните власти, граѓанските организации и бизнисите.
Создавање и одржување опкружување со оптимално здравје
за жените и мажите од сите возрасти (вклучувајќи ги децата, адолесцентите и постарите лица, особено оние во сиромаштија) со елиминирање на родовите ограничувања
Придонес за еднаков пристап до социјалните установи и услуги за ранливите групи
- Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации
- Подобрување на соработката помеѓу релевантните чинители во социјалниот и здравствениот сектор
- Ефикасно и правично спроведување на плановите и политиките за јавно здравје.
Специфични проектни цели
Подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи
- Трансфер на знаење
- Подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи, особено на оние кои живеат во сиромаштија
- Имплементација на моделот на медицинска сестра во заедницата во руралните средини во Северна Македонија врз основа на искуствата во Австрија.
- Воспоставување здравствени услуги во заедницата – грижа на заедницата за одржување, заштита и подобрување на здравствената состојба на населението и заедниците, особено за лицата кои живеат во сиромаштија
- Зголемување на капацитетот и одржливоста на ГО во Северна Македонија во обезбедувањето социјални и здравствени услуги со фокус на луѓето кои живеат во сиромаштија
- Да се подигне свеста кај носителите на одлуки и персоналот на министерствата/владините агенции кои се занимаваат со прашања од социјални услуги и здравствена заштита за важноста од еднаков пристап до здравствените и социјалните услуги и создавањето и испораката на здравствени и социјални услуги кои ги задоволуваат потребите на заедница
- Спроведување на евалуации за да се утврди влијанието на програмите врз здравствената состојба на поединците и популацијата.
- Користење на резултатите од пилотирањето на услугата за понатамошно истражување, да се влијае на обезбедувањето нега, користењето на здравствените ресурси и развојот на локални, национални и регионални здравствени политики за промовирање на здравјето и спречување на болести.