Во периодот март – април 2026 година, нашето здружение во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп и Здружение „Преродба“ – Прилеп реализираше серија интергенерациски активности насочени кон зајакнување на социјалната кохезија и поттикнување на меѓусебното разбирање меѓу младите и постарите лица.

На 10 март 2026 година беше организиран настан за меѓугенерациска дружба по повод Меѓународниот ден на жената. Преку директна комуникација меѓу учениците и постарите лица, активностите беа насочени кон идентификување на потребите на повозрасната популација, промовирање на нивната улога како чувари на традицијата и знаењето, како и поттикнување на социјалната инклузија преку креативни активности, читање пораки и музичка програма во изведба на училишен бенд. Настанот помина во позитивна и достоинствена атмосфера, со силен фокус на почитта и поврзувањето меѓу генерациите.
Континуитетот на активностите продолжи и на 17 март 2026 година, кога беше реализирано уште едно интергенерациско дружење во соработка со истите партнери. Овојпат, покрај музичката поддршка од училишниот бенд „The Doctors“, членовите на Здружение „Преродба“ подготвија и традиционална домашна храна, со што настанот доби дополнителна топлина и заеднички дух. Музиката и дружењето уште еднаш ги избришаа генерациските разлики, оставајќи простор за насмевки и искрена поврзаност.

На 8 април 2026 година, активностите продолжија со заеднички средби и работилници меѓу младите и постарите лица, каде се истакна важноста на меѓусебното учење и размена на искуства. Учесниците порачаа дека ваквите иницијативи создаваат силни врски во заедницата и придонесуваат кон градење на пообединета и посолидарна иднина.
Преку овие активности, се потврдува значењето на интергенерациската соработка како клучен фактор за развој на инклузивно општество, во кое секоја генерација има своја вредна улога.