На најголема радост на најмалите, денес ја посетивме градинката „Весело Штркче“ во Општина Кривогаштани. Во празнична и весела атмосфера беа поделени новогодишни пакетчиња на најмалите од Кривогаштани и Обршани, а уживаа и во прекрасна театарска претстава исполнета со смеа и радост. Насмевките на најмладите се најубавиот показател за значењето на ваквите моменти.
Чест ни беше што бевме иницијатори за да се одржи театарската претстава „Новогодишна случка во волшебната шума“, од театарска група Колозов.
Новогодишните желби кои ги посакаа, нека бидат исполнети во Новата 2026!

