ЗА НАС
Носиме професионална грижа и добри срца во вашиот дом.
Обезбедувањето квалитетна нега дома е мешавина од вештина, срце и човечност.
Здружението Центар за развој и едукација цели да создаде просперитетна, правична заедница каде што секој поединец има пристап до сочувствителна, холистичка грижа и ресурси потребни за да живее здрав и достоинствен живот.
Нашата мисија е да ја подобриме благосостојбата на поединците и заедниците во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени преку обезбедување достапни, сочувствителни и сеопфатни социјални и здравствени услуги. Посветени сме на зајакнување на луѓето особено лицата во социјален ризик преку поддршка и грижа што промовира физичка, емоционална и социјална благосостојба.
Целта на нашите услуги е да се подобри благосостојбата на поединците и семејствата и заедниците со обезбедување на:
Поддршка за поедници и семејства кои живеат во сиромаштија
поддршка на поединци и семејства кои живеат во рурални средини и се соочуваат со ограничени можности за пристап до социјална и здравствена грижа
вмрежување на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за градење на инклузивни и праведни заедници
До сега обезбедивме
Подршка
Социјално загрозени
поединци и семејства
поединци и семејства
0
+
Социјални
пакети за
поединци и семејства
0
Наши услуги
Нашите услуги вклучуваат
01
Медицинска сестра во заедницата
Медицинските експерти обезбедуваат персонализирана грижа директно во домот на пациентот
02
Психолог во домот
Дсва психолошка поддршка за подобрување на менталното здравје на нашите корисници.
03
Физиотерапевт во домот
Третман и превенција на физички ограничувања предизвикани од болести, повреди или други нарушувања



