Чекор кон подобро здравје“ – заедно за поголема здравствена свест и поквалитетен живот

Денес, пред Градскиот Саат во Прилеп, се одржа здравствено-превентивниот настан „Чекор кон подобро здравје“, организиран од Здружението Центар за развој и едукација Прилеп, во соработка со Сина Револуција, со цел подигнување на свеста за важноста на превенцијата, редовното следење на здравствената состојба и грижата за сопственото здравје.

Во рамки на настанот, граѓаните имаа можност да добијат основни здравствени мерења и информации за својата здравствена состојба, вклучувајќи:

  • Мерење на шеќер во крвта;
  • Мерење на крвниот притисок;
  • Мерење на сатурацијата на кислород во крвта;
  • Проверка на витаминско-минералниот статус.

Покрај здравствено-превентивните активности, граѓаните имаа можност да се информираат и за социјалните услуги што ги обезбедува нашето здружение – „Помош и нега во домот“ и „Дневен центар за стари лица со активно стареење“. Преку овие услуги се придонесува за подобар квалитет на живот, поддршка на постарите лица и унапредување на нивното физичко, психосоцијално и социјално благосостојба.

Веруваме дека грижата за здравјето започнува со мал, но значаен чекор – навремена превенција, информираност и одговорен однос кон сопственото здравје. Истовремено, достапноста на здравствените информации и социјалните услуги е важен предуслов за создавање поздрава, поинформирана и посолидарна заедница.

Упатуваме благодарност до Зегин и СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп за нивното учество и поддршка во реализацијата на настанот.

Заедно да продолжиме да создаваме можности за подобро здравје, поголема грижа и поквалитетно секојдневие за сите граѓани!

Заедно чекориме кон поздраво општество!

Сподели:

Последни Вести

Огласи

Mожност за обука и сертифицирање негуватели на стари и немоќни лица

Здружението Центар за развој и едукација започнува обука за негуватели на стари и немоќни лица. Огласот е објавен во рамки...

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

ОГЛАС ЗА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

Secret Link