Празниците се најубави кога се споделуваат: Хуманитарна акција во Прилеп, Кривогаштани и Старо Нагоричане

Во пресрет на Велигденските празници – симбол на љубовта, надежта и дарувањето – беа реализирани хуманитарни активности насочени кон поддршка на семејства на кои им е најпотребна помош. Во рамките на оваа иницијатива беа поделени вкупно 60 хуманитарни пакети со храна и хигиенски прозиводи за семејства од општините Прилеп, Кривогаштани и Старо Нагоричане.

Иницијативата е реализирана во рамките на проектот „ТРАНСАКТ“, со поддршка на Сојузно министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Австрија, со цел унапредување на социјалната поддршка и солидарноста во заедницата.

Секој пакет претставува мал, но значаен гест на внимание, со порака дека заедништвото и хуманоста се темел на секое општество. Преку ваквите активности се потсетуваме дека празниците имаат најголема вредност кога се споделуваат со оние на кои им е најпотребна поддршка.

Последни Вести

Огласи

Mожност за обука и сертифицирање негуватели на стари и немоќни лица

Здружението Центар за развој и едукација започнува обука за негуватели на стари и немоќни лица. Огласот е објавен во рамки...

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

ОГЛАС ЗА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...