На 9 април 2026 година, потпишан е Меморандум за соработка со Општина Старо Нагоричане, со што се отвора ново поглавје во заедничките напори за унапредување на социо-здравствените услуги на локално ниво.
Оваа соработка претставува значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории, преку унапредување на пристапноста и квалитетот на услугите во заедницата.