Нашиот тим денес зеде учество на 22-риот симпозиум на ЗМСТАС – „За нас“, кој се одржа во Прилеп.
Горди сме што Снежана Ангелеска, дел од нашиот професионален тим на услугата „медицинска сестра во заедницата“, (во рамките на Проектот ТРАНСАКТ поддржан од Австриското Социјално Министерство) со својата презентација ја истакна значајната улога на медицинската сестра во домот на корисниците.
Таа потенцираше дека медицинската сестра е многу повеќе од професија – тоа е вистински повик за грижа, посветеност и хуманост.
Упатуваме искрена благодарност до Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри за можноста да бидеме дел од овој прекрасен настан, фокусиран на улогата на здравствениот персонал за здрава и заштитена заедница, каде никој не е оставен сам во борбата за своето здравје.
