Онлајн работилница во рамки на ‘ТРАНСАКТ’: Мониторинг и евалуација на австриската програма за медицински сестри

На 30 март 2026 година, во рамки на проектот „ТРАНСАКТ“, успешно се одржа онлајн работилница посветена на мониторингот и евалуацијата на австриската програма за медицински сестри во заедницата.

Настанот се реализираше преку Zoom платформата и понуди значаен простор за размена на знаења, искуства и добри практики поврзани со системите за следење и оценување на имплементацијата на програмата, како и пристапите за нејзина одржливост. Посебен акцент беше ставен на резултатите од досегашната имплементација и моделите на работа кои придонесуваат кон поефикасна и поквалитетна грижа во заедницата.

🎙 На работилницата свое излагање имаше проф. д-р Кристин Далниг-Пихлер, раководител на одделот за меѓугенерациска солидарност, активност и граѓанско општество при Универзитетот во Корушка, која сподели вредни искуства од австрискиот модел и добри практики во оваа област.

На настанот присуствуваа и претставници од Австриската амбасада, меѓу кои аташето Харалд Бреза Фугер, како и Lead Manager Стефан Ниедермозер, кои со своето учество дадоа дополнителен придонес во дискусијата и поддршка на проектните активности.

Овој проект е поддржан од австриското Федерално министерство за труд, социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачите, во рамки на програмата International Partnerships Austria, а се спроведува во соработка со австриски партнери и Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп.

Последни Вести

Огласи

Mожност за обука и сертифицирање негуватели на стари и немоќни лица

Здружението Центар за развој и едукација започнува обука за негуватели на стари и немоќни лица. Огласот е објавен во рамки...

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

ОГЛАС ЗА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...