Австриски искуства за одржливи здравствени услуги презентирани на онлајн работилница

Денес успешно се одржа онлајн работилницата “Мониторинг и евалуација на австриската програма за медицински сестри во заедницата” во рамките на проектот ТРАНСАКТ, која обедини експерти и практичари во областа на здравствената и социјалната заштита.

На 30ти март 2026 година, преку Zoom платформата, учесниците имаа можност да проследат и активно да дискутираат за мониторингот и евалуацијата на австриската програма за медицински сестри во заедницата. Работилницата понуди вредни сознанија поврзани со воспоставување ефективни системи за мониторинг, примена на најдобрите практики, како и анализирање на резултатите и пристапите за одржлива имплементација на услугите во заедницата.

Содржината на работилницата беше фокусирана на: мониторинг и евалуација на австриската програма за медицински сестри во заедницата, увид во системите за мониторинг, добри практики и резултати кои придонесуваат за одржлива имплементација.

Целосната објава можете да ја прочитате на страницата на ОТВ

Последни Вести

Огласи

Mожност за обука и сертифицирање негуватели на стари и немоќни лица

Здружението Центар за развој и едукација започнува обука за негуватели на стари и немоќни лица. Огласот е објавен во рамки...

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

ОГЛАС ЗА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...