Денес, на креативна работилница организирана во соработка со Дневен Центар Ѕуница, Дневен Центар за лица со церебрална парализа-Прилеп, и учениците од VI г одделение од ООУ Гоце Делчев – Прилеп, беа изработувани новогодишни честитки исполнети со креативност, љубов и празничен дух.

Изработените честитки беа изложени на Божиќен базар на Градски плоштад Прилеп, каде што предизвикаа голем интерес и радост кај посетителите. Оваа активност претставува прекрасен пример за соработка, инклузија и заедничко создавање празнична магија

