Од февруари 2026 година, жителите на Општина Градско имаат пристап до бесплатни физиотерапевтски услуги обезбедени од професионален тим и современа медицинска опрема, со цел унапредување на здравствената грижа и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Во рамките на проектот „ТРАНСАКТ“, за жителите во социјален ризик од руралните средини се овозможуваат интегрирани социјално-здравствени услуги, кои вклучуваат поддршка од медицинска сестра, физиотерапевт и психолог. Овие услуги се насочени кон обезбедување навремена, достапна и сеопфатна грижа за најранливите категории граѓани.
Со ваквите иницијативи продолжува заложбата за градење партнерства и креирање еднакви можности, со цел унапредување на социјалната благосостојба и зајакнување на системот на поддршка во заедницата.