Континуирана едукација и нова опрема: Подигнат квалитетот на физиотерапевтските услуги

На 23 и 29 јануари 2026 година, физиотерапевтите од нашето здружение реализираа две стручни обуки за користење на мобилна физиотерапевтска опрема, со што направи значаен исчекор во унапредувањето на квалитетот и достапноста на своите услуги.

Првата обука се одржа на 23 јануари во Physiostar, каде физиотерапевтите имаа можност практично да се запознаат со современи методи и техники за примена на мобилната опрема. Со оваа едукација, бесплатните физиотерапевтски услуги се дополнително збогатени, овозможувајќи поквалитетен и поиндивидуализиран пристап кон секој корисник.

Втората обука беше успешно реализирана на 29 јануари и беше насочена кон користење на опрема од Iskra Medical. Истата беше спроведена од стручниот тим на Elmed, со фокус на дополнително унапредување на практичните вештини на физиотерапевтите и нивно усогласување со современите стандарди во рехабилитацијата.

Со воведувањето на мобилната физиотерапевтска опрема, третманите стануваат подостапни и пофлексибилни, особено за корисниците во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Можноста услугите да се реализираат во домашни услови носи значајни придобивки – поголема удобност, континуитет во терапијата и побрзи резултати.

Преку континуирана едукација и инвестиции во современа опрема, здружението останува посветено на обезбедување квалитетна, достапна и хумана здравствена грижа, ставајќи ги потребите на корисниците во прв план.

Последни Вести

Огласи

Mожност за обука и сертифицирање негуватели на стари и немоќни лица

Здружението Центар за развој и едукација започнува обука за негуватели на стари и немоќни лица. Огласот е објавен во рамки...

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК /ПСИХОЛОГ/ СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...

ОГЛАС ЗА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп е здружение кое е насочено кон обезбедување на социјални услуги, помош и поддршка...